„Лукоил Македонија“ засега нема да се продава.
Меѓународниот трговец со енергија „Гунвор груп“, кој е регистриран во Кипар, а седиштето му е во Женева, Швајцарија, ја повлече понудата за купување на меѓународната единица на руската приватна компанија „Лукоил“, „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, во чија сопственост е и „Лукоил Македонија“.
Оваа следи откако Министерството за финансии на САД, кое воведе санкции за „Лукоил“, ја нарече „Гунвор груп“ руска „марионета“ со што испрати сигнал дека САД е против овој договор.
Од „Гунвор груп“ реагираа дека изјавата на Министерството за финансии на САД е „фундаментално дезинформирана и лажна“ и дека ја поздравува „можноста да се осигури дека ова очигледно недоразбирање ќе биде исправено“.
„Лукоил Македонија“ има 40 бензински пумпи во Македонија, 550 вработени и складиште за нафта во Штип.
Откако САД воведе санкции за „Лукоил“, компанијата одлучи да ги продаде своите подружници низ светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е „Гунвор груп“, која е на чекор на купување на „Лукоил Македонија“
Дали „Лукоил Македонија“ ќе биде продадена?
Фото: „Лукоил Македонија“














