Која е „Гунвор груп“, која е на чекор на купување на „Лукоил Македонија“

Руската нафтена компанија „Лукоил“ постигна договор за продажба на меѓународната единица „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, во чија сопственост е и „Лукоил Македонија“, на „Гунвор груп“.

Оваа следи откако САД воведе санкции за компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гунвор Груп ќе биде нов сопственик на „Лукоил Македонија“?

„Лукоил“ се обврза да не преговара со други потенцијални купувачи, а со „Гунвор груп“ веќе се договорени и условите за трансакцијата. Останува уште договорот да биде одобрен од Министерството за финансии на САД, кое ги воведе санкциите.

Која е „Гунвор груп“

Меѓународниот трговец со енергија „Гунвор груп“ е регистриран во Кипар, а седиштето му е во Женева, Швајцарија.

Компанијата е основана во 1997 година од шведскиот бизнисмен Торбјорн Торнквист и милијардерот Генадиј Тимченко, кој важи за близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Како што пренесуваат светските агенции, „Гунвор груп“ подолг период беше најголемиот продавач на руска нафта во странство и беше еден од трите најголеми трговци со нафта во светот.

Откако Русија го анектираше Крим, Тимченко ги продаде своите акции, а американската Влада тврдеше дека и Путин има инвестиции во компанијата.

Компанијата има продажни канцеларии во Сингапур, Хјустон, Стемфорд, Лондон, Калгари и Дубаи, како и мрежа на претставници низ целиот свет, а работи во трговијата, транспортот, складирањето и оптимизацијата на нафта и други енергетски производи, како и инвестиции во нафтени терминали и пристанишни објекти.

Нејзината работа се состои од обезбедување сурова нафта и нафтени производи и нивна испорака на пазарот преку цевководи и танкери.

Која е „Лукоил“

„Лукоил“ е втор по големина производител на нафта во Русија.

Компанијата има и удели во проекти за развој на нафтени полиња во Азербејџан, Казахстан, Узбекистан, Ирак, Египет и Обединетите Арапски Емирати, Латинска Америка и Западна и Централна Африка.

Поседува рафинерии за нафта во Бугарија, Романија и Холандија, како и мрежа на бензински пумпи во Европската унија.

„Лукоил Македонија“ пак има 40 бензински пумпи во Македонија, 550 вработени и складиште за нафта во Штип.

„Лукоил“ е во сопственост на бизнисменот Вагит Алекперов, иако тој има само 28% од акциите, според податоци од 2021 година.

Алекперов е на првото место на листата на руски милијардери со нето вредност од 28,7 милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД воведе санкции за „Роснефт“ и „Лукоил“, Трамп ја откажа средбата со Путин, рускиот претседател нареди вежби на нуклеарните сили

Фото: „Лукоил Македонија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести