Мајката на Вања и ќерките на Панче побараа отштета и доживотен затвор за обвинетите

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, мајката на Ѓорчевска и нејзината сестра, Зорица Ѓорчевска и Миња Ѓорчевска, како и ќерките на Жежовски, Македонка и Ана Жежовски преку нивните правни застапници побараа отштета и доживотен затвор за обвинетите, како што побара денеска Основното јавно обвинителство Скопје во завршните зборови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доживотна казна затвор за Палевски, Манев, Видевски и Кешишев, а за таткото на Ѓорчевска, соодветна затворска казна, побара Обвинителството

Мајката и сестра и на Ѓорчевска, кои се приклучија кон кривичното гонење на обвинетите, меѓу кои е и нејзиниот татко Александар Ѓорчевски, бараат отштета за нанесена нематеријална штета (паричен надоместок) во оваа постапка, а не во граѓанска.

Истото поради душевна болка и за опоравување, го побараа и ќерките на Жежовски.

На следното рочиште на 18. јуни, со завршни зборови треба да почне одбраната на обвинетите, по што треба да биде донесена пресудата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познато кое време биле убиени Вања и Панче, таткото на Ѓорчевска остана во обвинението

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести