Македонец кој работел во хотел во Хрватска, осомничен за силување на Британка во истиот хотел

37-годишен Македонец од Скопје, е осомничен за силување на Британка во хотел на островот Коложеп (Каламота). Мажот, кој работел угостителство е во притвор.

Имено, според хрватските медиуми настанот се случил во хотелот каде што работел.

Одбраната поднела жалба за притворот наведувајќи дека нема опасност од бегство бидејќи тој бил професионално и семејно поврзан со Хрватска, каде живее со сопругата и децата, а има и договор за работа за 2026 година.

Судот ја одбил жалбата како неоснована.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести