Македонец на 37-годишна возраст од Скопје е осомничен за силување на Британка во хотел на островот Коложеп (Каламота), пренесуваат хрватските медиуми.
Мажот, со инцијали Н.Н. од скопско Ѓорче Петров, како што објави порталот „Дубровачки дневник“ е во притвор.
Инцидентот се случил во хотелот каде што работел.
Неговата одбрана поднела жалба за притворот наведувајќи дека нема опасност од бегство, бидејќи тој бил професионално и семејно поврзан со Хрватска, каде живее со сопругата и децата, а има и договор за работа за 2026 година.
Судот ја одбил жалбата како неоснована.
Фото: Unsplash














