Македонија го почна Европското ракометно првенство со пораз од Данска

Македонската ракометна репрезентација синоќа со пораз од домаќинот Данска (36:24) го почна настапот на 17. Европско првенство.

Македонија е во групата Б. Утре игра против Португалија, а во завршното коло, во вторник противник на земјава ќе и биде Романија.

Понатаму ќе продолжат две земји од групата кои ќе освојат најмногу бодови.

Европското првенство се игра во Данска, Норвешка и Шведска.

Фото: Ракометна федерација на Македонија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести