Македонија лобирала да го заобиколи првиот кластер, тврди бугарската претседателка, Бугарија немало да го прифати тоа

Со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, вчера во Минхен, Германија, освен македонскиот премиер Христијан Мицкоски, средба имала и бугарската претседателка, Илијана Јотова.

По средбата од нејзиниот Кабинет информираа дека Македонија лобирала да го заобиколи првиот кластер од пристапните преговори, кој се однесува на човековите права и сакала да започне со други, и дека Бугарија била загрижена поради тоа.

Во соопштението се потенцира дека Бугарија немало да се согласи со тоа и дека Македонија ќе се придвижела кон членството во Европската унија (ЕУ), само откако ги направи уставните промени.

Таа, како што пренесуваат локалните медиуми, на средбата, навела дека се надева оти до јуни, кога ќе се одржи следниот самит на ЕУ за Западен Балкан, ќе се нашло решение за прашањето со Македонија, доколку, како што кажала, земјата сè уште сакала да се приклучи на Унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски во Брисел на Кошта му ги повторил единствените позиции на Македонија за нејзиниот европски пат

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести