Македонија потпиша договор за стратешка соработка и со Унгарија

Македонија денеска потпиша договор за стратешка соработка и со Унгарија.

Договорот помеѓу двете влади, во Скопје ги потпишаа македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и неговиот унгарски колега Петер Сијарто.

Меморандумот за разбирање со кој се регулира соработката во рамките на програмата „Стипендиум Хунгарикум“ за периодот 2026–2028 година пак потпишаа македонската министерка за образование и наука Весна Јаневска и Сијарто.

Со истиот македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик. Приоритет ќе имаат апликанти кои сакаат да студираат во областа на наука, технологија, инженерство и математика (СТЕМ), како и медицински и здравствени науки и земјоделство.

Стипендиите ќе се доделуваат за редовни додипломски, постдипломски, едностепени магистерски студии и за докторски студии. Исто така и за скратени студии од три до десет месеци за стекнување академски кредити.

Меморандумот предвидува студентите да добиваат платена школарина, сместување во студентски домови во кампусот на високообразовната институција или средства за покривање на трошоците за сместување, право на здравствени услуги, користење на бесплатни библиотечни услуги, како и месечен надоместок за покривање на основните трошоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија не е единствена, членките на ЕУ кои поддржуваат проширување се малцинство, кажа унгарскиот министер Сијарто од Скопје

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести