Македонијатурист АД Скопје во првите шест месеци од годинава од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности остварила добивка по оданочување од 143,653 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Вкупните приходи изнесуваат 331,833 милиони денари и се зголемени за 57%, додека пак приходите од продажба на Друштвото се зголемени за 28% во однос на истиот период минатата година.
Вкупните трошоци и расходи од работењето изнесуваат 178,847 милиони денари и се зголемени за 17% во однос на лани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чеза комерц купи нови акции на Македонијатурист
М.Г. Фешн купи нови акции на Македонијатурист
Фото: Игор Бансколиев