Македонијатурист со зголемена добивка во третиот квартал

Македонијатурист АД Скопје во првите девет месеци од годинава од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности остварила добивка по оданочување од 202,315 милиони денари, која е повисока од таа истиот период лани, кога изнесуваше 159,75 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Вкупните приходи изнесуваат 515,80 милиони денари и се зголемени за 35%, додека пак приходите од продажба на Друштвото се зголемени за 2% во однос на истиот период минатата 2024 година.

Вкупните трошоци и расходи од работењето изнесуваат 297,15 милиони денари и се зголемени за 27% во однос на лани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

М.Г. Фешн излегува од Македонијатурист

Ацо Дудулоски нов претседател на Управниот одбор на Македонијатурист

Зоран Антиќ со една фирма излезе, со друга влезе во Македонијатурист

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести