(Видео) Македонскиот бренд кој го освојува светот – Cafe De Anatolia, со прв настап во родната Виница

Македонскиот бренд кој го освојува светот – Cafe De Anatolia, а го сочинува фамилијата Илиеви: таткото Зоран Илиев (Billy Esteban), ќерката Моника Илиева и синот Никола Илиев (Nickarth / Rialians On Earth) за првпат на 19. јули ќе настапи во Виница од каде потекнуваат.

Овде ќе го претставува својот нов концепт – Cafe De Anatolia Experience.

Настанот ќе се одржи на локацијата Sliv Elite Events. Ќе започне во 15:00 часот со дневна програма и ќе продолжи со After Party од 20:00 до 01:00 под отворено небо.

Моментално, Billy Esteban и Rialians On Earth се најслушаните артисти од Македонија во светот, во сите музички жанрови.

Cafe De Anatolia го поседува најголемиот каталог во светот во жанрот organic house, со над 10.000 издадени траки, а според Forbes и Entrepreneur, тие се признати како основачи на жанрот, кој денес е еден од највлијателните и најтрендовските стилови во глобалната електронска сцена.

Нивната музика можете да ја слушнете ОВДЕ.

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести