Како и што се очекуваше Извештајот за напредокот на Македонија на специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц, за 2023 и 2024 година, денеска беше изгласан во Европскиот парламент без спомнување на референците македонски јазик и идентитет, кои во првичната верзија на истиот ги имаше на неколку места.
За истиот „за„ гласаа 461 европратеник, 121 беа „против“, а 107 беа „воздржани“.
Во Извештајот меѓудругото се бара Македонија да ги спроведе уставните измени за да продолжи по европскиот пат, да ги спроведе неопходните реформи, посебно во јавната администрација, владењее на правото, борбата против корупцијата, независноста на судството…
Во него исто така се изразува и загриженост за странско мешање и кампањи за дезинформации во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Игор Бансколиев