Македонскиот лекар обвинет дека намерно го прегазил кучето во Софија

Македонскиот лекар Ненад Цоневски, кој во Софија, Бугарија прегази куче кое било маалски миленк е обвинет за „екстремна суровост кон ‘рбетно животно, што резултирало со сериозни повреди“, објавија бугарските медиуми.

Окружното обвинителство на Софија, по испрашувањето на сведоците и спроведувањето на видео-технички преглед информирало дека собраните докази покажуваат намера.

Откако ќе биде објавен ветеринарно-медицинскиот преглед, обвинението може да биде преквалификувано.

Цоневски се соочува со затворска казна од 1 до 5 години ако се докаже намера. Тој додека трае истрагата е суспендиран од работно место на Воено-медицинската академија во Софија.

Тој негира дека намерно го прегазил кучето.

Кучето било живо по прегазувањето, посочуваат од Обвинителството. Тоа било еутаназирано подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот лекар кој прегази куче во Софија, привремено остана без работа

(Вознемирувачко видео) Македонец предизвика бура во Бугарија откако прегази куче во Софија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести