Познато кога ќе се отвори „Македонско село“

„Македонско село“, кое не функционира речиси седум години, на 19. јуни ќе му биде предадено на новиот концесионер – фирмата „Ла Тераца“, која се занимава со туризам и угостителство, најави за весникот Вечер, директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски.

На 23 или 24. јуни пак „Ла Тераца“ ќе го направи официјалното отварање за посетителите.

На почеток комплексот нема да може да работи со полн капацитет, вели Томовски, но најавува дека до крајот на месецот целосно ќе биде на располагање.

„Ла Тераца“ ќе стопанисува со комплексот наредните 15 години, a месечно ќе плаќа 210.000 денари.

Комплексот „Македонско село“, се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези. Има 12 автентични куќи, со простории каде што се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести