Од вчера по големиот пожар во фабриката “Винчини“ во кој целосно изгоре производствен погон со три линии и два магацини, работниците на групацијата “Макпрогрес“ се вратија на работа, информираа од таму.
Од таму велат дека на работа се вратени сите работници, прилагодени на новите услови во фабриките “Винчини“, „Сончева Долина“, “Фантазија“, “Натура“, “Дониа“ и „Винчини Чоколадна Фабрика“.
Засега се уште не се познати причините за пожарот.
Менаџментот најави обнова на фабриката и дека ќе се обиде да ги задржи сите, околу 600 вработени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Макпрогрес“ трајно ги намали цените на 114 производи
Која е “Макпрогрес“ во чија фабрика „Винчини„ имаше голем пожар
Фото/видео: Макпрогрес