Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Во врска со веста објавена на неколку интернет портали за наводен пожар во магацин во кругот на Макстил, ја информираме јавноста дека пожарот не се случил во објектите на Макстил и дека компанијата нема никаква поврзаност со настанот, информираат од компанијата.

-Пожарот се случил во друга компанија која се занимава со преработка на дрво, која се наоѓа во поширокото индустриско подрачје на Железара, но не е дел од Макстил ниту од неговите капацитети.

Сите производствени и магацински капацитети на Макстил функционираат редовно и безбедно, без никакви инциденти.

Апелираме до медиумите за прецизно и точно информирање на јавноста, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести