Маж и жена загинаа, а едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш. Според пишувањата на српските медиуми, станува збор за државјани на Македонија со албанско етничко потекло, кои се превезувале со автомобил со германски регистарски таблички.
До несреќата дошло, кога автомобилот, поради неразјаснети околности излетал од патот.
Возачот изгубил контрола удрил во банкината и знак покрај патот, а од силината на ударот мажот и жената починале на лице место.
Фото/Unsplash














