Маж загина во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

Маж на возраст од 71 години загина денеска во сообраќајна несреќа која се случила на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.

Станува збор за Б.С. од Куманово, кој како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово, од повредите починал на лице место.

Несреќата се случила помеѓу товарно моторно возило и патничко моторно возило „пежо“, кое го управувал починатиот.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести