Маж загина откако со возилото излетал на патот Кичево-Осломеј

Маж на возраст од 74 години загинал вчера на регионалниот пат Кичево – село Осломеј, кај кичевското село Гарани, откако со возилото излетал од патот.

Станува збор за С.С. од кичевското село Црвивци, кој како што информираа од полицијата управувал возило „волво“, и починал на лице место.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а неговото тело е дадено на обдукција. 

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести