Маж на возраст од 46 години загинал вчера откако со автомбил “пежо„ се превртел на коловозот на магистралниот пат Радовиш-Струмица, на место викано Слобода, кај клучката за селата Добрашинци и Нова Маала.
Станува збор за К.В. од струмичкото село Сушево, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица, тој починал на лице место.
Во друга сообраќајна несреќа во струмичко вчера загинал маж на возраст од 63 години.
Се работи за К.Д. од струмичкото село Градско Балдовци, кој на делницата од селото Габрово до селото Банско, управувајќи мопед изгубил контрола и со него паднал на коловозот и починал на лице место.
Телата на загинатите се дадени на обдукција.
Фото: Унсплеш














