Ме удираа и ме газеа луѓе што се обидуваа да се спасат, рече сведокот Тоше Трендафилов на судењето за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“, сведочеше и Тоше Трендафилов, еден од повредените.

Од пожарот, како што објасни имал изгореници на ушите и на вратот, а му била пресадена и кожа на едната рака, која се уште го боли. Има и проблеми со спиењето.

Меѓу друго потврди дека кобната вечер во објектот имало малолетниции и дека никогаш не забележал противпожарни апарати внатре.

Раскажа дека кога започнал пожарот настанал вистински хаос. Кога стигнал до врата забележал повеќе паднати деца, по што паднал и почнал да повраќа.

-Ме удираа и ме газеа луѓе што се обидуваа да се спасат. Тогаш се онесвестив. Некој ме извлекол, рече тој, посочувајќи дека потоа дознал дека го извлекле неговите другари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Го гледав како ангел спасител“: Мартин Китанов раскажа како бил спасен во пожарот во „Пулс“ во кој изгубил четворица другари

Немаше организирана евакуација: Потресно сведоштво на Иван Данаилов, кој го преживеал пожарот во „Пулс“

Брат ми го познав по тетоважите, кажа келнер кој работел на црно во “Пулс“

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести