Бугарите имаат можност да покажат колку добри соседи се, како што зборуваат, ако ќе ги повлечат амандманите за Предлог-извештајот на Европскиот парламент (ЕП) за Македонија за кој треба да се гласа на 24. јуни (откако претходно тоа беше одложено на 4. јуни), со кои го дефинираат македонскиот многувековен идентитет и јазик како сегашен и да прифатат средба во рамки на престојниот Самит на НАТО во Хаг, Холандија, порача денеска премиерот Христија Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски европратеник со амандман го дефинира македонскиот идентитет и јазик како сегашен
-Пристигнуваат многу различни пораки од официјална Софија. Нашите стари рекле „помалку слушај што зборуваат повеќе гледај што работат“. Има таква можност да го покажат ова што го зборуваат.
На 24. јуни на Комисијата за надворешни работи при ЕП, АФЕТ, се наоѓа извештајот во којшто очекувам бугарските членови на ЕП да ги повлечат амандманите во кои бараат македонскиот многувековен идентитет и јазик да се додефинираат со зборчето сегашен или „present“, и во рамките на тој дух да биде усвоен тој извештај и потоа и патоказот за малцински права којшто многу скоро ќе биде на дневен ред, така што имаат можност ова што го зборуваат да го покажат и на дело, изјави Мицкоски, прашан за вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија никогаш не ставила вето, вели Радев
Тој изрази и очекување Бугарија да ја прифати иницијативата за средба во рамки на престојниот Самит на НАТО, и како што рече, „да се разговара и за Коридорот 8, да тргне и таму работата, да биде и тоа приоритет кај нашиот источен сосед, и како добри соседи да ги градиме нашите меѓусебни односи“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што бараат бугарските и грчките европратеници да биде вметнато во извештајот на ЕП за Македонија
Фото: Влада