Премиерот Христијан Мицкоски, вечерва во „Само интервју“ на ТВ Канал 5, зборувајќи за односот на Бугарија кон нашата евроинтеграција кажа дека барањето на Бугарија не се само Бугарите во Устав, и дека тоа е само почеток.
„Ајде да направиме велам еден обид, а тој обид е Европскиот парламент со мнозинство гласови да донесе одлука со која што или резолуција, или ќе биде дел од извештај со која што јасно ќе се признае македонскиот идентитет и јазик како посебен“, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека одредени политички фигури во Бугарија јасно кажуваат дека уставни измени не се единствената пречка на патот на Македонија кон ЕУ.
„Она што можеше да го види Европа и светот е дека не е само промената на Уставот единственото нешто коешто треба да го направиме за да продолжиме. Впрочем, многу влијателни политички фигури во Бугарија тоа го кажуваат“, вели Мицкоски.
Според него, изјавата на Радев во која тој вели дека единствениот услов се уставните измени не е точна, бидејќи и во Договорот за добрососедство нема никаков услов, а сега де факто имаме.
„Пред некој ден слушнав изјава од претседателот Радев во која што вели единствениот услов којшто треба да го направи Македонија е да го смени Уставот. Ние во Договорот за добрососедството немавме никаков услов. Потпишан договор во којшто Бугарија треба да не поддржува во рамките на процесот на преговори и членство. Па добивме вето, затоа што ние не сме го исполнувале договорот и не сме ги испорачале малцинските права на бугарската заедница во Македонија“, истакна премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/Влада