Мицкоски тврди оти Британија нема да ни праќа мигранти

По објавите на британските медиуми, дека Македонија од есенва разговара со Велика Британија во земјава да се праќаат одбиени баратели на азил таму, а Британија да ни плаќа за тоа, премиерот Христијан Мицкоски, денеска изјави дека додека тој е премиер нема да примиме ниту еден мигрант, ниту пак ќе „никнат“ кампови со илегални мигранти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се депортираат ли од Британија одбиени азиланти во Македонија?

Тој кажа дека за таква тема Македонија не разговарала со Британија, со која пред неколку месеци склучи Договор за стратешко партнерство.

-Да потенцирам и да кажам јасно и гласно пред македонската јавност дека таква тема не е разговарана, но доколку се разговара, исто така ќе биде одбиена од наша страна.

Што е разговарано? Разговарано е дека заеднички ќе се бориме против илегалната миграција, бидејќи, верувале или не, ние ја браниме Европа од Европа, бидејќи илегалните мигранти влегуваат токму од граница којашто е граница со земја членка на ЕУ, рече тој и најави зајакнување на борбата против илегалната миграција со сојузниците во НАТО.

Мицкоски најави и дека државата ќе развие и проект „Безбедна држава“, со кој македонските граници конечно ќе биле мониторирани за да се спречи илегалната миграција, илегалниот шверц и трговија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошески уверува дека нема да се градат бегалски кампови, тоа било спин на опозицијата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести