Во рамки на Самитот за проширување на Европската унија (ЕУ) во Брисел, македонскиот премиер Христијан Мицкоски имал средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на кој му ги повторил единствените позиции на Македонија за нејзиниот европски пат.
Средбата ја отценува како пријателска и продуктивна, а на истата се разговарало за актуелни теми, приближувањето на Македонија кон ЕУ и конечно формалното отпочнување на преговорите.
-На состанокот апсолутно ги повторивме нашите единствени позиции кои што навистина се позиции достоинствени после сите оние понижувања кои што ни се случија во минатото, изминатите 25 години, откако практично почна овој наш пат кон приближување кон Европската унија, вели меѓудругото Мицкоски и посочува дека на средбата станало збор и за други проекти коишто се стратешки важни за Македонија.
-Тоа е гасниот интерконектор со Србија и крак на гасниот цевковод кон соседно Косово.
Понатаму, тарифите за челикот и челичните производи на македонските производители, како и заедничкиот проект што нашата македонска Влада ќе го има со Европската комисија, а се однесува на проектите кои што треба да ги реализираме во Кочани и во кочанскиот регион, рече тој меѓудругото по средбата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/видео: Мицкоски/Фејсбук














