Никој, освен можеби Црна Гора, повеќе нема да влезе во ЕУ, вели хрватскиот претседател Милановиќ

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ смета дека никој, освен можеби Црна Гора, повеќе нема да влезе во Европската Унија (ЕУ). Вели дека другите земји, (меѓу кои е и Македонија), се измамени со „лажни ветувања“, пренесуваат хрватските медиуми.

– Никој нема да влезе во Европската Унија, можеби дури ни Црна Гора, а државите се измамени со лажни ветувања дека ќе станат членки на ЕУ за да изнудат некои отстапки.

Од другите се очекува да ја потчинат својата надворешна политика на европските интереси, што е пресметка со Москва. Така се прави и со Грузија, која има силен економски раст благодарение на својата географска положба, изјавил Милановиќ на предавање на универзитетот „Север“ во Копривница, пренесе хрватски Индекс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема да има план Б за Македонија, Бугарија си изгласа и резолуција за тоа

Кои европратеници бараат македонскиот идентитет и јазик да бидат вметнати во Извештајот на ЕП за Македонија

Што бараат бугарските и грчките европратеници да биде вметнато во извештајот на ЕП за Македонија

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести