Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски уверува дека во Македонија нема да се градат бегалски кампови. Наспроти пишувањето на британските медиуми кои пишуваа за содржината на Договорот со Велика Британија, кој неодамна беше потпишан, тој оцени дека оваа информација е спин на опозицијата.
„Предвидени се одредени средства со кои во Македонија ќе се гради инфраструктура. Точно, ќе се градат железници, автопати, ќе се градат здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но, за жал на опозицијата која се обидува да спинува, нема да се градат какви било бегалски кампови.
Британија откако излезе од Европската Унија, со сите земји од Западен Балкан, но и со самата ЕУ случува вакви договори, каде што Британија ја враќа легалната основа на Фронтекс, таму каде што Македонија и земјите членки и земјите кандидати на ЕУ имаат легална основа за борба против организирана, нелегална миграција и заштита на границите, тоа го прави Британија со овој дополнителен механизам, којшто е комплементарен со Фронтекс,“ одговори Милошоски на новинарско прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се депортираат ли од Британија одбиени азиланти во Македонија?
Фото: Милошоски-Фејсбук













