Утре на 31 мај (сабота) од 12 ч. ќе се одржи мирен народен собир на плоштад Македонија во Скопје каде што граѓаните ќе останат 30-на минути и потоа поворката ќе продолжи мирно до Црквата Св. Георгиј во Криводол пред резиденцијата на Архиепископот г.г. Стефан во Кривидол, под мотото ,,Гласот на народот – глас на Бога”.
Верниците на МПЦ-ОА од неколку градови во Македонија, организираат мирен собир со цел поддршка за предлог на епископ Партениј како кандидат за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија, но и поради начинот на избор на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија.
Верниците се зачудени како Архиепископот со еден кандидат како предлог се оддржува избор.
“Избор! Меѓутоа, за да има избор треба да предложите повеќе кандидати!? Избор со еден кандидат е парадокс, а тој кандидат не е Викарниот Епископ Антаниски со 30 години монашко искуство! Црквата е народот, без народ нема ни Црква,” велат од тие.
Религија.мк вчера објави дека Архиепископот Стефан го предлага јеромонахот Георгиј за ракополагање во епископски чин и избор на Митрополит за Дебарско-кичевската епархија.
“Отец Георгиј, или поранешниот декан на Богословскиот факултет и ексамбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓоргевски беше замонашен на 27. мај.
Следниот ден на 28. е произведен за јероѓакон, а денеска избран за јеромонах. Според предлогот на Архиепископот на 12. јуни треба да биде избран за Епископ и за Митрополит, после само 16 дена од замонашувањето„, пишува Религија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Игор Бансколиев