Мирот е далеку во Газа, Израел ќе ја редуцира или стопира помошта, оти Хамас се уште не ги предал телата на сите мртви израелски заложници

Мирот останува далеку од окупираниот Појас Газа, Палестина. Се уште целосно не е завршена ни првата фаза од мировниот план на САД со 20 точки.

Пред неколку денови беа ослободени последните 20 живи израелски заложници, но досега се предадени телата на само осум од вкупно 28. починати заложници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Емотивни сцени на ослободените Израелци со нивните семејства

Синоќа преку Црвениот крст беа предадени уште четири тела, но според израелските медиуми, само три од нив се на израелски заложници.

Израел поради неспроведување на договореното ги информираше Обединетите Нации дека ќе ја редуцира или ќе ја стопира привремено помошта за Газа, каде во меѓувреме по улиците почнаа да се шетат вооружени членови на исламистичката воена група Хамас, која не сака да го предаде оружјето, што е исто така предвидено според планот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Емотивни моменти на ослободените Палестинци со нивните фамилии

Беа ослободени и околу 2.000 Палестинци, од кои дел беа во израелските затвори со децении, а дел од нив се депортирани во Египет.

Во Газа засега нема воена акција на Израел, кој се уште контролира над 50% од територијата на Газа, но Хамас јавно убива Палестинци, кои според нив соработувале со Израелците, а има и меѓусебни пресметки помеѓу различни исламистички воени групи.

За преседателот на САД, Доналд Трамп војната во Газа е завршена, а како што изјави – ако Хамас не сака да го предаде оружјето, “ќе бидат разоружани“ и дека тоа ќе се случи за брзо и насилно. Израел пак се уште не прогласил крај на воената операција.

Ретко кој верува дека мировниот план ќе се реализира до крај. Тој меѓудругото предвидува и воведување преодна влада во Палестина, предводена од меѓународно тело, што од денешна гледна точка изгледа многу далеку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и размена на заложници

Трамп предложи план за прекин на огнот во Газа, Хамас не го бендиса

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести