(Видео) „Нема да дозволиме Кочани сценарио“: Митко Јанчев за приведувањето на Аца Лукас

Нема да дозволиме Кочани сценарио, безбедноста е прва, вели за телевизијата Сител, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев за приведувањето на српскиот турбо-фолк пејач Аца Лукас (Александар Вуксановиќ) на настап во угостителски објект во Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Аца Лукас приведен во Кавадарци оти настапувал без дозвола, констатирани и прекршоци за објектот каде пеел

Како што е познато турбо-фолкерот заработи прекршочна пријава оти настапувал без дозвола, а Основниот кривичен суд Кавадарци го казни парично.

Јанчев за телевизијата кажа дека организаторите на концертот однапред поднеле барање до Општината за поставување урбана опрема и проширување на просторот за концертот, но барањето било одбиено поради проценка дека условите се небезбедни, подвлекувајќи дека објектот имал капацитет од 200 гости, а внатре биле затекнати дури 700 лица.

Тој вели и дека ангажманот на Лукас не бил пријавен ниту во Агенцијата за вработување, ниту во Министерството за труд, што претставува дополнителен прекршок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се огласи Аца Лукас: Врвот на власта во Македонија бараше да бидам задржан во полиција

Фото: Јанчев/Фејсбук/видео: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести