Од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) информираа дека на 2. август македонската Амбасада во Прага, Чешка, била информирана за несреќата на македонскиот бизнисмен Душко Чифлиганец, потпретседател на Адора Бизнис Груп и коосновач на Prime Capital by Adora.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На 32 години почина бизнисменот Душко Чифлиганец
Во несреќата, како што е познато, се здоби со тешки повреди, по што беше пренесен во болница.
По информацијата од чешките власти, македонската Амбасада веднаш стапила во контакт со семејството на Чифлиганец, од кое следниот ден, била информирана дека тој им подлегнал на повредите.
Од МНР велат и дека македонското дипломатско-конзуларното претставништво е во постојана комуникација со семејството на Чифлиганец, со цел завршување на формалните постапки и организирање на пренесување на телото во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ева Заева со трогателна објава се прости од Душко Чифлиганец
За Душко Чифлиганец пишуваат и регионалните медиуми
Душко Чифлиганец со емотивно обраќање на Economist: Забораваме дека пред се треба да бидеме луѓе