Игорчо Георгиев од Кочани е глава на семејство со четири мали деца. Најмалото има само шест месеци.

-Замина во Германија во потрага по подобар живот за своето семејство, но судбината го врати назад – со тешка дијагноза: Планоцелуларен карцином на вратот и тумор на десната палатинална тонзила.
Сега започнува со хемотерапија и радиотерапија во Македонија, но пред него е долга и исцрпувачка битка – не само со болеста, туку и со секојдневието. Игорчо нема приходи, а мора да се грижи за своето семејство.
Во периодот на лекување и закрепнување, потребна му е наша поддршка – за храна, сметки, лекови и грижа за децата, стои во апелот за помош.
Како да помогнете ОВДЕ.
Фото: Унсплеш