Поранешниот портпарол на Владата, Мухамед Хоџа е предложен за нов министер за животна средина и просторно планирање на местото на Изет Меџити, а пратеникот и поранешен министер за здравство Беким Сали за нов прв вицепремиер и министер за европски прашања, на местото на Орхан Муртезани.
Предлогот на Владата за новите министри од коалицијата Вреди, е испратен до македонското Собрание.
„Согласно Деловникот на Собранието, предлозите ќе бидат распределени на понатамошна постапка. За денот на одржувањето на седницата за избор на новите министри, Собранието ќе информира дополнително,“ информираа од таму.
Меџити стана градоначалник на Општина Чаир, а Муртезани ќе биде разрешен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Беким Сали, кој ќе биде прв вицепремиер
Кои ќе бидат новите министри од “Вреди“













