Мукаетов: РК Алкалоид ги исполни сите барања, се надевам на правилна одлука на ЕХФ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска треба да донесе одлука за судбината на натреварот од финалето на ЕХФ Европскиот куп помеѓу македонскиот ракометен клуб Алкалоид и грчкиот АЕК.

Како што е познато натпреварот во Скопје не се одржа, бидејќи управата на грчкиот клуб не им дозволи на своите играчи да излезат на терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РФМ очекува праведна одлука од ЕХФ, максимално го подржува Алкалоид

Од Ракометната федерација на Македонија очекуваат праведна одлука, а таква одлука очекува и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов, кој на Инстаграм напиша дека РК Алкалоид ги исполнил сите барања на надлежните авторитети во поглед на организациските аспекти за натпреварот.

“Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ“, напиша тој и им се заблагодари на сите што дојдоа да го бодрат македонскиот клуб во салата „Борис Трајковски“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мечот помеѓу Алкалоид и АЕК не се одиграл поради безбедносни причини, срамно соопштение од ЕХФ

Грчки АЕК ги обвини македонските власти за откажувањето на натпреварот со Алкалоид

Грчки АЕК истата “финта“ ја направи и со српски Партизан

Фото: Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести