МВР предупредува на измама со купување на телефони, преку социјалните мрежи

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која се тврди дека некои малопродажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку „внатрешна програма” поради оштетена амбалажа.

„Ве известуваме дека станува збор за измама со цел да се привлечат граѓаните да кликнат на сомнителни линкови или да остават лични податоци. Доколку забележите ваква објава:

НЕ кликнувајте на линкови во вакви објави.

НЕ споделувајте лични информации.

НЕ потпаѓајте на приказни кои играат на емоции за да ви измамат доверба.

Компаниите за техника немаат тајни страници за „специјални” телефони, и не ги нудат производите преку социјалните мрежи или неофицијални канали.

Доколку видите вакви објави, пријавете ги веднаш во најблиската полициска станица,“ велат од МВР.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести