На Кожуф гори со недели, денеска по три активни и под контрола пожари во Македонија

Денеска во Македонија има три активни пожари, заклучно со 7 часот, информираа од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Гевгелија на Кожуф планина, каде веќе со недели гори букова шума, во Општина Македонски Брод над селото Бенче на планината Добра Вода, каде гори дабова шума и папрат и во Општина Чучер Сандево кај селото Малино, каде гори мешана шума.

Под контрола се три пожари: во Општина Гази Баба, кај селото Виниче, кај местото викано Муратица, во Општина Студеничани, кај селото Батинци и во Општина Делчево во градската депонија Острец.

Изгаснати се 23 пожари.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести