На 1 октомври ќе има линеарно зголемување на пензиите

На 1 октомври ќе започне исплатата на линеарното зголемување на пензиите, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

„Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување. А потоа и ќе биде на пролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите, линеарно во вкупен износ по пензионер од 7.000 денари. Тоа практично ги надминува оние 5.000 кои што ги зборувавме за време на кампањата,“ одговори Мицкоски на новинарско прашање.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести