На 37-годишниот Бране Марковски од Велес му се потребни средства за лекување на тумор на црниот дроб и рак на белите дробови

На 37-годишниот Бране Марковски од Велес на кој му е дијагностициран тумор на црниот дроб и рак на белите дробови му се потребни средства за лекување.

„До пред 3-4 месеци да ме прашавте што ќе правам во јуни, веројатно ќе ви кажев ќе се сончам на песочните плажи во Ксамил, но за жал или за среќа Господ имал други планови за мене. После повеќемесечна голгота, талкање, чекање низ болниците, тапкање по рамо ништо страшно, една обична рутинска операција и се ќе се реши, животот ми се смени скроз,“ вели Бране.

За лекување во Турција, во прва фаза потребни се 21.000 евра, а сумата може да достигне и до 100.000 евра.

„Не сакам да ја имам истата судбина како мојот татко, кој млад не напушти поради оваа проклета болест. Сакам да се оженам, да имам мои деца, да продолжам да вежбам, да го прошетам светот. Но, како што велат старите здравиот има 100 желби, а болниот само една – да оздрави.

Благодарение на Вас и Вашата помош јас ја поминав првата фаза, поточно детални испитувања, снимања, биопсија, точна дијагностика. Денес си дојдов во Македонија, овде да ги чекам резултатите од биопсијата, бидејќи не можам финансиски да си дозволам да останувам уште во болницата, иако со седењето дома без медицински надзор животот ми е во опасност секој миг, па ги приметувам моите како на смени „дежураат“, ме проверуваат дали дишам и дали сум добар,“ вели Бране.

Потребни се средства за втора фаза од лекувањето, терапија.

Како да помогнете:

Трансакциска сметка

300277092345482

Броеви за донации

А1 143 504

Македонски телеком 143 126

Фондација за донации:

pavelandreev.org.

Донации од странство

Име и презиме на примачот: Brane Markovski

Адреса на примачот: Belgradska 72 Veles

Iban:MK07300307037183860

Име на банката на примачот: Komercijalna banka AD Skopje

Адреса на банката: Ul. Vasil Iljoski 3, 1000 Skopje, Macedonia

BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2XVEB

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести