На 58-годишна возраст е Македонецот кој загина во Бугарија откако автомобил влета во ресторан

Македонецот кој загина во Разград, Бугарија, откако 19-годишник влета со автомобил во тераса на ресторан е на 58-годишна возраст, пренесуваат бугарските медиуми.

Тој починал на лице место. Во Бугарија имал постојано живеалиште.

Во несреќата загинаа и двајца Бугари, на возраст од 62 и 64 години.

За момчето се бара притвор, а бугарското Обвинителство отвори предистражната постапка.

Првичните тестови покажуваат дека бил негативен на алкохол и дрога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски државјанин загина во Бугарија откако 19-годишник со автомобил влета во тераса на ресторан полна со гости

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести