На барање на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје завршните зборови на Обвинителството за судскиот случај за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, се презакажани за 9. јуни, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.
-Заради обемноста на предметот, изведените материјални и вербални докази, дополнението на доказната постапка, како и потребното време за соодветна подготовка на завршните зборови, прифатено е барањето за презакажување на расправата, за што странките ќе бидат известени, велат од Судот.
Обвинети во случајот се Љупчо Палевски – Палчо, кој е првообвинет, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски.