Денеска до 12:00 часот во Македонија има три активни пожари, информираа од Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Општина Гевгелија на Кожуф планина, кај селото Петрово, каде гори букова шума, во Општина Тетово, во селото Џепчиште, каде гори депонија, и во Општина Крушево, во селото Свето Митрани, каде гори стрниште.
Под контрола се пожарите во Општина Гази Баба, во селото Трубарево, во Општина Гази Баба во селото Виниче, кај месноста викана Муратица и во Општина Студеничани во селото Батинци.
Изгаснати се два пожари.
Фото: Влада