Вчера во Охрид било пријавено дека на српски турист му се слошило на улица, по што починал.
„На 27-ми август 2025 година, во 11:03 часот во СВР Охрид, било пријавено дека околу 09:00 часот во куќа на улицата „Беќир Али Риза“ во Охрид починал 66-годишниот С.Л. од Република Србија.
– Лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство. Според пријавеното на С.Л. му се слошило и паднал, при што веднаш била повикана Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на семејството. Извршен бил увид,“ информираат од МВР.
Фото/Игор Бансколиев