За најавата дека во Извештајот за напредокот на Македонија на Европскиот парламент (ЕП), македонскиот јазик и идентитет, кои претходно се споменуваа на неколку места, а сега целосно да бидат избришани, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тоа е подеднакво лошо, како и најавата дека со амандман на Извештајот пред македонскиот и идентитет и јазик се планираше да се додава “модерен“ (сегашен/современ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се бришат македонскиот идентитет и јазик во извештајот на ЕП за Македонија
– Ние предупредувавме на ваквиот инженеринг во последниот период. За нас бриешењето на македонски идентитет и македонски јазик е подеднакво лошо како и да стоеше изразот модерен.
Се покажа дека не се работи само за неколку стотини Бугари во Уставот и сега сите тие што манипулираа дека само треба да го смениме Уставот и сите наши проблеми ќе бидат решени треба да излезат и да се извинат.
Треба да се каже дека не ја говореа вистината и дека немаат поим од водење политика. На талибански начин се брише македонскиот идентитет и македонскиот јазик од извештајот на Европа. Ова ни го направија Бојан Маричиќ и Бујар Османи, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Модерна“ ЕУ има проблем со македонскиот идентитет и јазик
Што пишува за македонскиот идентитет и јазик во Извештајот на Европскиот парламент
Фото: Влада