Најмалку 40 деца затруени во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Карпош, меѓу нив и помалиот син на Мицкоски

Најмалку 40 деца од одделенска настава во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската општина Карпош се затруле најверојатно од храна.

Дел од медиумите објавија дека бројката е поголема, а порталот Нет прес објави дека помеѓу затруените деца е и помалиот син на премиерот, Христијан Мицкоски. Тој бил хоспитализиран во болница со симптоми на труење и зголемена телесна температура и моментално е во подобра здравствена состојба.

Храната децата ја консумирале во текот на вчерашниот ден на училиште.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) ја затвори кујната, а наредено е и вонредно чистење и вонредни здравствени прегледи на вработените во училиштето. Земени се мостри и од работните површини.

Фото: Фејсбук/„Димо Хаџи Димов“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести