Скопјани во среде кампања за локални избори незнаат што ги очекува кога ќе се разбудат наутро. Дали контињерите ќе бидат преполни со ѓубре, од кое може да „закачат“ и некоја болест или ќе немаат градски автобус за да одат на работа или на училиште.
Работата со сметот низ градот не само што предизвика лавина од негативни коментари во јавноста и по социјалните мрежи, туку и стигна до вонреден надзор во градското јавно претпријатие „Комунална хигиена“, а наредбата за надзорот стигна директно од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вонреден надзор во „Комунална хигиена“ за сметот во Скопје
И Основното јавно обвинителство се заинтересирало за несобраниот смет, па од таму информираа дека собирале докази за евентуално кривично дело.
Сега Министерството за внатрешни работи треба да проверува како работи “Комунална хигиена“, која секогаш има политички поставен директор, а и раководство, а не професионалци.
На граѓаните сите овие информации речи не им значат ништо, имајќи го во предвид фактот дека се навикнаа политичките пресметки да се “кршат“ врз нивни грб.
На социјалните мрежи има и повици да се тужи „Комунална хигиена“, што и не е лоша идеја, ама “цаката“ е во тоа што и да биде казнето јавното претпријатие во евентуален судски спор, евентуалната парична казна на крајот пак ќе ја платат Скопјани. Ако некој планира да тужи, нека тужи поединци, за да платат од џеб.
Па така, Скопјани убаво ќе ги запаметат овие локални избори, бидејќи наместо традционалните пенкала и запалки од политичките партии добија ѓубре.
Фото: Игор Бансколиев