Изречени казни за правни субјекти за несовесно одложување на отпад, а ќе се казнуваат и граѓани, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека досега се изречени десетици казни на неколку правни субјекти, за несовесно одложување на отпад, а праксата ќе продолжи.

Тој најави казни и за граѓаните, и апелираше народот одговорно да се однесува кон животната средина.

За 72-часовната акција за чистење на Скопје рече дека одлично напредува.

„Вклучени се повеќе од 2.500 луѓе кои го чистат градот, над 100 возила оперираат низ Скопје,“ напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паралелно со акцијата за чистење на Скопје, Ѓорѓиевски отпушти од работа 371 лице од јавните претпријатија

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести