Настел повторно продаде акции на Реплек, Душан и Владимир Пецовски купија

Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Душан Пецовски, кој е претседател на Управниот одбор и генерален директор на компанијата се стекнал со 25 нови акции, и сега поседува вкупно 31.875 или 12,30% од вкупниот број на акции.

Акционерот со над 5%, Владимир Пецовски пак се стекнал со 5 нови акции, и сега поседува вкупно 16.525 или 6,38% од вкупниот број на акции.

Акционерот со над 5%, компанијата Настел ДООЕЛ продал 25 акции, и сега поседува вкупно 16.466 или 6,35% од вкупниот број на акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Настел продолжува да продава акции на Реплек

Владимир Пецовски купи нови акции на Реплек

Како работел Реплек во првите шест месеци од годинава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести