Нема да има данок за немажени и неженети, целта билa да се отвори дебата, вели Мицкоски

По бурата од реакции во јавноста за идејата за воведување на данокот за немажени и неженети, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема да се воведе таков данок. Целта, како што додаде била да се испровоцира јавна дебата, бидејќи е загрижен за демографската состојба во земјава.

„Нема да има никакви даноци и се извинувам длабоко ако некој погрешно ме разбрал. Но, она што можам да го заклучам е дека ние тивко исчезнуваме и изумираме и тоа поминува така незабележено, како општоприфатен факт и ние треба да се помириме со тоа.

Не можам и би било неодговорно од моја страна да се помирам со фактот дека во 2016 година се родени 23.000 бебиња во Македонија, а во 2024 година 16.000. Тое е рецесија од 30 отсто. Во 2021 година сме имале 13.300 бракови, а три години потоа во 2024 година 11.100 бракови, тоа е 17 отсто рецесија“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата размислува за данок за немажени и неженети

Мерката е дискриминаторска, реагираат од Мрежата за заштита од дискриминација за идејата на Владата за данок на немажени и неженети

А овие што имаат швалерки и швалери дали ќе имаат поголеми или помали даноци“: Реакции за данокот за немажени и неженети

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести