Нема радијација, но има висока концентрација на штетни супстанци: МВР препорача дел од жителите да ги напуштат домовите во Трубарево

По пожарот во рециклаторниот центар во Трубарево не е измерена радијација, но има висока концентрација на штетни супстанци, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Министерството за внатрешни работи (МВР) им препорача на жителите кои се во радиус од 150 метри од центарот на пожарот, да ги напуштат своите домови. Обезбедени се 450 легла во Центарот за обука во Идризово за оние жители кои немаат каде привремено да се сместат.

Според мерните единици на специјалната единица на Министерството за одбрана, на 200 метри од центарот од пожарот загаденоста е ниска, а на 400 метри нема загадување.

Министерството за здравство пак во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95, кои се дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево.

„Маските се ставени на располагање од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а дистрибуцијата ќе се реализира со поддршка на тимови од јавните претпријатија и Општина Гази Баба.

Со оваа мерка се обезбедува навремена поддршка за локалното население, со цел намалување на непосредната изложеност на загадениот воздух предизвикан од пожарот.

На лице место се присутни и две возила на итната медицинска помош, подготвени да интервенираат и да укажат соодветна здравствена помош како на пожарникарите, така и на граѓаните доколку имаат потреба,“ информираа од Министерство.

Фото: ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести