Немало докази за направена штета, велат од Обвинителство за повлеченото обвинеие против Максим Димитриевски

Обвинението на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово за градоначалникот на Општина Куманово и претседател на владејачката ЗНАМ, Максим Димитриевски, за злоупотреба на службената положба и овластување било повлечено оти немало докази за направена штета, велат од Основното јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Против Максим Димитриевски веќе не се води постапка за злоупотреба, Обвинителството се повлече

Како што објаснуваат од таму по изведувањето на доказите и вештачењата во судската постапка против Димитриевски, за која утре требаше да има завршни зборови, во услови на веќе издадено одобрение за градење, штетата наведена од градежните компании, не постоела.

Обвинението ОЈО Куманово го поднесе во март лани, а истото се заснова на две кривични пријави поднесени од две локални фирми. Тие го пријавија Димитриевски дека не им издал градежна дозвола според важечки Детален урбанистички план, а со тоа, како што кажаа тие, им нанел штета од околу 55.000 евра.

– Меѓутоа, по изведување на сите докази во текот на постапката и пред сè исказите на вештите лица произлегува дека тие се едногласни дека сега, во услови на веќе издадено одобрение за градење, штетата наведена во обвинението нанесена на правните лица, поради непостапување по чл. 59 ст. 11 не постои, па оттука неспорно е дека повеќе не се исполнети законските обележја на кривичното дело кое со поднесеното обвинение се ставаше на товар.

За да бидат исполнети законските обележја од наведената квалификација неопходно е да постои нанесена-настапена значителна штета, која во конкретниот случај во услови на издадено одобрение за градење не постои, согласно вештаците, велат од Обвинителството, посочувајќи дека јавниот обвинител испитувал и евентуалното сторување на кривично дело со друга правна квалификација, при што уште еднаш темелно ги анализирале сите докази изведени во текот на судската постапка, а предметот по барање на предметниот обвинител два пати бил рефериран и во Основното јавно обвинителство.

– Од сите преземени дејствија се утврди дека не постојат цврсти докази со кои надвор од разумно сомневање би се докажало сторувањето на кое било друго кривично дело кое се гони по службена должност, па јавниот обвинител имаше обврска да го повлече поднесеното обвинение, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриевски за повлекувањето на обвинението: Конечно правдата излезе на виделина

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ

Максим Димитриевски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести